Подобрен состојбата во компаниите од преработувачката индустрија

Bez autora
Apr 26 2012

Состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во март годинава е поповолна во споредба со претходниот февруари, а поповолна е и од истиот месец лани. Ваква оценка изнеле раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. поповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените. Во март 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во март 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец.

Подобрен состојбата во компаниите од преработувачката индустријаСостојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во март годинава е поповолна во споредба со претходниот февруари, а поповолна е и од истиот месец лани.

Ваква оценка изнеле раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија, во истражувањето што редовно го спроведува Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. поповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во март 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини  и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во март 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2012 година изнесува 59,9 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во март 2012 година имаат недоволната странска и домашна побарувачка, финансиските проблеми и конкурентниот увоз.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik